Почетна » Новости » Занимливости » Американка родила бебе потешко од 6 килограми по природен пат

Американка родила бебе потешко од 6 килограми по природен пат

По шестчасовно породување, Американка родила бебе кое тежело 6,2 килограми. Она што ќе ве поттикне да си ги стегнете нозете е што храбрата мајка се породила природно, без царски рез, лекови или епидурална инјекција.

Кендал и нејзиниот новороден синКендал и нејзиниот новороден син

„Само сакавме да избегнеме непотребни процедури. Решивме да се бориме за природно породување, затоа што сакавме да се обидеме да ги намалиме шансите за царски рез“ – изјавила мајката, Кендал Стјуардсон.

Големиот Ашер Стјуардсон при породувањето бил долг 60 сантиметри. Неговата мајка успеала да се породи по само шест минути напнување.

Ашер

„Навистина бевме благословени од Бог што моето тело успеа да го направи ова. Навистина помина брзо. Никој не може да се жали за шест часа породување“ – изјавила Кендал.

Се смета дека Ашер е најтешкото бебе родено кога било на територијата на Ајова по природен пат.

Ашер е второто дете на Кендал. Нејзиниот прв син се родил пред само 15 месеци и тежел 5,5 килограми. И тогаш Кендал се породила природно.

Кендал со својот сопруг и двете децаКендал со својот сопруг и двете деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.