Раѓањето на бебенце во цел водењак е ретка појава, па разбирливо е зошто снимките секогаш се хит на интернет.
Во најновото такво видео, докторите вадат бебе од утробата на мајка му во цел водењак за време на породување со царски рез. Низ амнионската обвивка може да се види како бебето ја отвора устата како да плаче. Видеото беше објавено од „Birth Without Fear“ и за неколку дена има повеќе од милион прегледувања на Facebook.