„Чуда се случуваат“ – ова е пораката на Кристен Хорнер која роди здраво девојче додека примаше хемотерапии.
На Кристен ѝ бил дијагностициран Хочкин лимфом, рак на лимфниот систем, кога била во 22-рата недела од бременоста. Несреќната трудница била преплашена, бидејќи во најголем дел од таквите случаи немало среќен крај. За среќа, тоа не се случило и со неа.
Хорнер се породи минатиот месец, а веста за приновата ја сподели со видео на Instagram.
Таа ја шири својата приказна со надеж дека ќе им помогне на други жени како неа, кои ја добиваат најлошата вест додека се бремени.
„Ако го читате ова и имате рак, најпрво, жал ми е. Ова е клуб во кој никогаш не сакав да бидам, но заедно сме во него. Второ, ова место е за вас. Се надевам дека ќе ги пронајдете приказните и ресурсите кои ќе ви помогнат и ќе ви дадат живот“ – пишува таа на својот блог.
Кристен ја добила дијагнозата неколку месеци откако развила постојана сува кашлица која не престанувала со ништо.