Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Вака изгледа ракот“: Шенон Доерти рони солзи додека прима радиотерапија на мозокот по проширувањето на ракот

„Вака изгледа ракот“: Шенон Доерти рони солзи додека прима радиотерапија на мозокот по проширувањето на ракот

Битката на Шенон Доерти со ракот стана уште пожестока. Славната актерка откри дека болеста се прошири и дека разви метастази на мозокот.

Ѕвездата од „Беверли Хилс 90210“ во 2015 година ја доби дијагнозата рак на дојка и постојано споделуваше детали за да покаже како изгледа лекувањето од оваа опака болест.

Таа сега сподели видео во кое ја подготвуваат за третман со радиотерапија на мозокот, поради појавата на метастази. Шенон рони солзи за време на зрачењето и не крие колку се плаши од целиот процес.

Шенон Доерти

„На 5 јануари, компјутерската снимка покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го покажува процесот на поставување на маската која ја носиш за време на зрачење на мозокот. На 12 јануари се случи првата рунда на радиотерапија. Мојот страв е очигледен. Екстремно сум клаустрофобична и многу нешта ми се случуваа во животот. Среќна сум што имам одлични доктори, но, тој страв, турбуленциите и тајмингот на сето ова... Вака изгледа ракот“ – напиша Шенон, која пред два месеци поднесе документи за развод.

Шенон Доерти Шенон Доерти

Шенон во 2017 година сподели дека ја победи ужасната болест, но за жал, ракот повторно се врати.

Шенон Доерти

Во април оваа година, беше објавено дека Шенон поднесе документи за развод од сопругот Курт Исвариенко. Наводно, причината за овој потег на Шенон билa неговото неверство.

Шенон Доерти

Шенон се прослави со улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс 90210“, а подоцна и како Пру во серијата „Волшебнички“.

Шенон Доерти Шенон Доерти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.