Родителите ќе направат сè за да ги видат децата среќни.
Маж му го оствари сонот на синот со церебрална парализа кога заедно го комплетираа триатлонот Ајронмен, кој се смета за еден од најтешките спортски настани во светот.
Оваа година, Џони Ејгар и неговиот татко Џеф по петти пат учествуваа на триатлонот, но за првпат успеаја да го завршат. Среќата на лицето на Џони може да се види од фотографиите направени на целната линија.
Видео
„Со татко ми и станавме Ајронмен за првпат по пет обиди. Никогаш не престанав да верувам во него, бидејќи тој никогаш не престана да верува во мене. Гледаше во мене атлета која никој друг не ја гледаше.“
„Моето патување не беше лесно... но човеку, Бог се погрижи за мене, давајќи ми татко кој никогаш не се откажа од мене и желба да можам да им помогнам на другите да ги надминат нивните предизвици“ – пишува тој.
Џони се роди предвреме и докторите му дијагностицираа церебрална парализа. На родителите Џеф и Беки им рекле дека тој никогаш нема да може да зборува или да оди, но тој им докажа дека погрешија. Тој не само што зборува, туку е мотивациски говорник кој секојдневно инспирира илјадници лица.
Пред 11 години, Џони си постави мисија да изоди една милја (1,6 км) користејќи помагало. Иако сметал дека тоа е невозможно, со тренинг успеал во неговата мисија, што довело до раѓање на неговата книга „The Impossible Mile“ напишана со помош на мајка му Беки.
Пред да започне да тренира со Џони, Џеф никогаш се немал натпреварувано на долги патеки, но мотивиран од неговиот син со посебни потреби, во 2009 година решил да започне да го турка во количка на трки на 5 километри и кратки триатлони. Нивните спортски авантури ги собирале членовите на семејството на исто место и им носеле огромно задоволство, па тие биле жедни за повеќе и повеќе.
Оваа година, Џеф го влечеше Џони 3,86 км со пливање, го возеше на велосипед 180,25 км и го туркаше во количка трчајќи 42,20 км.
„На Џони му беше сон официјално да стане Ајронмен. Заслугите се на мојата сопруга која кога не успеавме да го завршиме триатлонот во 2016 година, ни рече дека знае дека одлични нешта ќе произлезат од тоа“ – рекол Џеф.
Несомнено, Џеф и Џони се неверојатно дуо кое може да ги надмине сите предизвици.