Почетна » Новости » Занимливости » 15 деца си ги избричија главите во знак на поддршка на другар болен од рак

15 деца си ги избричија главите во знак на поддршка на другар болен од рак

Травис Селинка дозна колкава е моќта на пријателството. 10-годишното момче неодамна ја изгубило целата коса како резултат на третман со радијација за лекување на рак на мозокот, па се плашело да се врати на училиште со ќелава глава.

„Беше малку загрижен за враќањето на училиште само затоа што немаше коса. Се плашеше што ќе мислат другите деца“ – изјавила мајката на Травис.

Во знак на поддршка, петнаесет пријатели на Травис си ги избричија главите.

Травис со солидарните другариТравис со солидарните другари

„Без јас да знам, едно од момчињата со неговата мајка испланираа сè. Сите тие се убави прекрасни луѓе“ – изјавила учителката.

„Петнаесет момчиња влегоа во таа берберница, 15 мажи излегоа. Секој пат кога ќе помислам на тоа, ми се полнат очите со солзи“ – рекла мајката на Травис.

Постапката на пријателите му го олеснило враќањето на Травис во училишните клупи. „Сакам многу да им се заблагодарам што го направија тоа“ – изјавил Травис за телевизијата Fox 5 San Diego.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.