Почетна » Новости » Занимливости » 525 милиони нови дрвја од генерација: Учениците од Филипини мораат да засадат по 10 дрвја за да завршат школо

525 милиони нови дрвја од генерација: Учениците од Филипини мораат да засадат по 10 дрвја за да завршат школо

Сенатот на Филипини воведе нов закон со кој ќе ги вклучува учениците и студентите во заштитата и одржувањето на животната средина.

Имено, сите ученици од основно и средно училиште и сите студенти ќе треба да засадат по 10 дрвца доколку сакаат да дипломираат.

Засадување дрвја

Најмладите најмногу ќе ги чувствуваат последиците од глобалното затоплување, па затоа со оваа иницијатива, тие ќе бидат вклучени во справувањето со климатските промени и ќе имаат можност да „изградат“ позелена и поздрава средина за нивната генерација и сите идни генерации.

Филипини е архипелашка земја во Југоисточна Азија, која се состои од 7.641 острови. Доколку правилно се имплементира овој закон, се очекува вкупно 525 милиони дрвја да бидат засадени од една генерација.

„Со над 12 милиони ученици кои завршуваат основно, речиси 5 милиони ученици кои завршуваат средно школо и околу 500.000 студенти кои дипломираат секоја година, оваа иницијатива, ако правилно се имплементира, ќе осигури секоја година да се засадуваат најмалку 175 милиони нови дрвца“ – изјавил конгресменот Гари Алехано.

Засадување дрвја

Филипини во огромна мера се соочува со нелегално сечење на шумите, со што во изминатите децении шумската покривка од 70% се намалила на 20%.

Локалните непрофитни организации ќе помагаат во спроведувањето на новиот закон со избирање ендемични видови дрвја и соодветни локации за засадување.

Засадување дрвја Засадување дрвја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.