Почетна » Новости » Занимливости » Актерка со белег на лицето во моќна кампања за прифаќање на уникатноста на несовршеностите

Актерка со белег на лицето во моќна кампања за прифаќање на уникатноста на несовршеностите

Растењето со белег кој ѝ ја покрива левата страна од лицето било тешко за Пејџ Билиот. Таа постојано се соочувала со потсмевање и малтретирање од страна на врсниците, а љубопитните погледи не биле невообичаени дури и за возрасните.

Прифаќањето на овој белег како предност, а не како недостаток, резултира со отпочнување на позитивната кампања „Flawless Affect“, чија цел е да им помогне на луѓето со различни белези и лузни на кожата да се прифатат себеси и да ја согледаат својата убавина.

Пејџ Билиот Пејџ Билиот

„Си одев дома, плачев и секогаш се прашував зошто не можам да бидам нормална како сите други. Сето тоа негативно набљудување направи да го мразам мојот белег и мојот изглед. Се чувствував само и збунето на помлада возраст и беше тешко секојдневно да се справувам со тоа“ – раскажува 24-годишната актерка за своето детство.

Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот

Сепак, Пејџ уште како тинејџерка се научила да ја прифати оваа своја несовршеност како дел од себе. „Сфатив дека многу од негативните и сурови реакции на луѓето доаѓаат од неинформираноста. Кога им кажував што всушност е белегот, навистина им помагав да ме сфатат како индивидуа“ – раскажува Пејџ. Таа одлучила да ја прифати својата несовршеност како уникатност и пронашла креативен начин да си помогне себеси, но и на другите девојки кои се соочуваат со слични проблеми.

Преку уметноста на фотографијата, Пејџ се прикажува себеси во поинакво светло. Фотографиите на кои нејзиниот белег е нагласен на креативен начин имаат цел да му покажат на светот дека сите сме несовршено совршени дека личните несовршености не се нешто од кое треба да се срамиме.

Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот

„Прекрасно беше, добивам фидбек од многу девојки од сите возрасти. Ми ги кажуваат нивните приказни, ми кажуваат колку ги кријат нивните несовршености и колку овој проект ги инспирирал. Чувствувам дека можам уште многу да им помогнам и да се обидам да го променам нивниот начин на размислување во однос на прифаќањето“ – вели Пејџ и ги повикува девојките со слични несовршености да се вклучат во проектот и да ја покажат својата уникатност. „Придружете му се на движењето, разберете го движењето, бидете движењето“ – порачува Пејџ.

Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот Пејџ Билиот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.