Предвреме родено бебенце, кое првите четири месеци од животот ги помина во болница, сега ужива во топла празнична атмосфера дома.
Момчето се роди тешко 680 грама, но за жал го изгуби својот близнак Езра по раѓањето. Нивната мајка Пејџ се породила дома во 25-тата недела од бременоста на 5 ноември минатата година.
Бебето Велс помина 115 дена на интензивна нега по раѓањето. Момчето сега има една година и среќно го прослави првиот Божиќ дома со родителите.
Во неодамнешно интервју, мајката Пејџ го опиша денот на породувањето.
„Бидејќи бев бремена со близнаци, имав повеќе прегледи од вообичаено. Сите беа нормални. Но, јас едноставно знаев дека нешто нема да биде во ред. Отидов кај два доктори кои рекоа дека сè е во ред, но моите мајчински инстинкти не се согласуваа со тоа.“
„На денот кога се породив, се сеќавам дека се чувствував добро и ја заспивав мојата ќеркичка Хејзел. Одеднаш почувствував болка која не беше многу силна, но откако ја ставив Хејзел во креветчето само се влошуваше. Брзо сфатив дека тоа се контракции и додека да се јавам кај сопругот и да викнам брза помош, го родив Езра, само 15 минути откако ја почувствував болката“ - изјавила таа.
За жал, Езра не преживеа, а прогнозите на докторите не биле ветувачки и за животот на второто бебенце. Тие им рекле дека Велс најверојатно има крварење во мозокот и дека може да има церебрална парализа.
Лекарите ги предупредувале дека Велс можеби нема да има нормален живот. Во првата недела белите дробови му колабирале, но малиот херој успеа да ги надмине сите здравствени предизвици.
Една година подоцна, Велс е во совршена здравствена состојба. Мајката на слаткото момче постојано објавува видеа од него, среќна што има можност да го држи во прегратка.
@mom_of_hurds I am in disbelief at how much he’s grown in 1 year. His NICU stay should’ve been sponsored by @Starbucks #nicubaby #25weeker #micropreemie #twinlesstwin #starbuckscookie ♬ original sound - paige & fam
@mom_of_hurds The thought of pregnancy after birth trauma and childloss is so hard. But I will not let it get in the way of me meeting my future children #twinlesstwinmom #niculoss #childloss #somethingintheorange #birthtrauma #pregnancyafterloss Something in the oran
@mom_of_hurds NICU parents understand how special that first time holding your baby is #nicu #preemie #momtok #nicumom #ReTokforNature ♬ Can't Help Falling in Love - Haley Reinhart