Почетна » Новости » Животни стории » Бебенце родено со еден бел дроб ги надмина очекувањата на докторите кои му давале 20% шанси да преживее

Бебенце родено со еден бел дроб ги надмина очекувањата на докторите кои му давале 20% шанси да преживее

Бебенце родено со еден бел дроб, на кое му давале 20% шанси да преживее, ги напушти болничките простории и сега е дома со родителите и сестрата-близначка.

Шарлот Шарлот

Шарлот и Оливија се родени во декември минатата година, но во јануари, Шарлот завршила во болница поради респираторна инфекција. Нејзините родители Карла и Џошуа на почетокот не знаеле што се случува, бидејќи таа немала проблеми по раѓањето.

Шарлот Шарлот

Докторите утврдиле дека има повеќе вродени маани на органите за дишење, а аортата ѝ била намотана околу душникот. Заклучокот бил дека Шарлот мора да биде подложена на комплицирана операција, но морало се почека за оперативниот зафат, затоа што била родена пред време и била мала за нејзината возраст.

Земајќи ги предвид сите околности, докторите ѝ дале само 20% шанси за преживување.

Шарлот Шарлот Шарлот Шарлот

„За среќа, Шарлот е борец“ – рекла мајка ѝ Карла и истакнала дека ќерка ѝ имала многу компликации и поминала низ неколку операции за да си оди дома кај семејството.

„Мислам дека таа нè држеше низ сето ова. Никогаш не покажа никаков знак на слабост“ – додала Карла.

Шарлот Шарлот Шарлот

Шарлот помина 185 дена во болница и на 1 август се обедини со својата сестра дома.

„Беше многу емотивно и беше ролеркостер. Но, сега кога ги имам заедно, вреди. Среќна сум што ѝ сум мајка и што можам да ја имам. Благодарна сум и восхитена од неа... Горда сум, многу ја сакам“ – рекла мајката.

„Прогнозите се многу добри. Можеби нема да трча маратони во иднина, но ова е Шарлот, па тешко е да се каже. На многумина им докажа дека грешеа. Очекувам да може да живее добар живот“ – додала Карла.

Шарлот Шарлот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.