Почетна » Новости » Животни стории » Бебе родено во 21. недела со тежина од 420 грама го прослави првиот роденден и влезе во Гинис

Бебе родено во 21. недела со тежина од 420 грама го прослави првиот роденден и влезе во Гинис

Минијатурно бебенце со огромна желба за живот ги надмина очекувањата на докторите и преживеа. Кертис Минс се запиша во Гинисовата книга на рекорди како Најрано родено бебенце кое преживеало.

Кертис Минс Кертис Минс

Кертис се роди на 5 јули минатата година во 21 недела и 1 ден од бременоста на мајка си (односно на 148 дена). Тој тежел само 420 грама, а бидејќи се родил 19 недели предвреме, докторите му дадоа минимални шанси за да преживее. Неговата сестра-близначка живееше само еден ден.

„Медицинскиот персонал ми рече дека не ги чуваат бебињата на таа возраст. Беше многу стресно“ – рекла мајката на Кертис.

„Кертис се роди на гестациска возраст од 21 недела и 1 ден или на 148 денови, што го прави неговото раѓање 132 дена предвреме. Стандардниот гестациски период на полн термин на бременост е 40 недели (280 дена)“ – објаснуваат од Гинис.

Кертис Минс Кертис Минс

Првите девет месеци од својот живот, малиот херој ги поминал во болница и одлично реагирал на третманите. Тој станувал сè посилен и посилен и си заминал дома во април годинава.

Кертис Минс Кертис Минс

Доктор Брајан Симс, кој го извршил породувањето, изјавил: „Статистиките покажуваат дека бебињата на таа возраст не преживуваат. Прашањето на мајката беше: ‘Дали ќе им дадете шанса на моите бебиња?’. Никогаш не сме имале толку мало бебе на Одделот за неонатална интензивна нега, па Кертис беше првото такво бебе. Бевме на непозната територија“.

Кертис Минс Кертис Минс

Кертис наполни една година на 5 јули и се квалификуваше за Гинис. Претходно, тој рекорд го имаше Ричард Скот Вилијам Хачинсон.

Денес е Светскиот ден на предвреме родените деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.