Почетна » Новости » Животни стории » Бебенце родено четири месеци предвреме си замина од болница и ќе го прослави првиот Божиќ дома

Бебенце родено четири месеци предвреме си замина од болница и ќе го прослави првиот Божиќ дома

Бебенце, кое ги помина првите девет месеци од животот на оддел за неонатална интензивна нега, конечно си замина од болница и првиот Божиќ ќе го прослави дома.

Еванџелин

Родителите Медисон и Дилан Статлер го добија најубавиот божиќен подарок – нивната ќеркичка Еванџелин (Еви) ги надмина сите предизвици ставени пред неа и сега е покрај нив дома.

Еви го помина целиот свој досегашен живот во болница. Таа се роди во март годинава во 23-тата гестациска недела и тежеше само 400 грама. Мајка ѝ и татко ѝ се пресреќни што заедно со нив ќе може да ги помине празниците.

„На некој начин ова е симболика. Таа е како подарок или бебе чудо“ – рекол таткото.

Еванџелин

Медисон имала прилично нормална втора бременост сè додека едно утро не се разбудила со болки во половината.

„Забележав дека стомакот ми е некако цврст и поразличен, а подоцна истиот ден ми се појавија контракции. Ги игнорирав, бидејќи знаев дека не може да е породување, сепак бев во 23. недела. Подоцна прокрварив и тоа нè натера да одиме во болница“ – објаснила Меди.

Еви се родила со царски рез и ѝ биле дадени помалку од 50% шанси дека ќе преживее.

„Секој поминат ден го броевме како победа. Само тоа можевме да го правиме, да живееме ден за ден, бидејќи сè беше многу страшно и ново“ – рекол таткото.

Еванџелин Еванџелин

Сега, кога бебенцето е во добра здравствена состојба, семејството сака да ја сподели приказната на Еви за да им даде надеж и на други семејства, како што приказните за бебиња во слична ситуација им давале надеж ним.

„Тие приказни многу ни помогнаа уште од самиот почеток. Баравме личности во слични ситуации, а кога ќе слушневме успешна приказна, многу ни значеше уште од почетокот. Никогаш не можете да знаете до кого ќе допрете или чиј живот ќе промените само со една приказна“ – вели Дилан.

Еванџелин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.