Ненси Хаук им ја исполни желбата на синот и снаата за проширување на семејството. 56-годишната жена го износи и го роди своето петто внуче, откако на снаата Камбрија ѝ била отстранета матката.
Ненси роди прекрасно здраво девојче кое го доби името Хана. „Сè помина совршено и ние сме благословени што ни дојде во нашето семејство“ – изјавила Ненси и додала дека искуси нови емоции, бидејќи роди бебе кое нема да си го донесе дома по породувањето. „Тоа е микс од голема благодараност и одредена тага од разделба“ – дополнила таа.
Нејзиниот син Џеф и неговата сопруга Камбрија отсекогаш сакале големо семејство, но се бореле со неплодност четири години по стапувањето во брак.
Со помош на вештачко оплодување, тие сега се родители на четири деца (два пара идентични близнаци).
За жал, по раѓањето на вторите близнаци, на Ненси морало да ѝ биде извршена итна хистеректомија, бидејќи ѝ била дијагностицирана плацента инкрета. Тоа се случува кога плацентата се закачува толку длабоко во ѕидот на матката што се прицврстува за мускулот на матката.
Џеф и Камбрија имале уште оплодени ембриони од претходните инвитро постапки, кои сакале, но не можеле да ги искористат.
Тука настапила Ненси. Таа им понудила да им биде сурогат и да го износи нивното петто бебенце. Откако биде направени бројни испитувања се покажало дека Ненси може да износи бебе и покрај возраста.
Сега, целото семејство се радува на новиот член.