Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Идна мајка доби можност да го почувствува клоцањето на своите близнаци во утробата на сурогат-мајка

ВИДЕО: Идна мајка доби можност да го почувствува клоцањето на своите близнаци во утробата на сурогат-мајка

Нема да останете рамнодушни на реакцијата на идна мајка кога за првпат ќе го почувствува клоцањето на своите деца од утробата на сурогат-мајка со помош на нова технологија.

Шарде не може да износи бебе поради нејзината петгодишна борба со ракот. Огромната желба на Шарде и нејзиниот сопруг Џејк да имаат дете ќе се оствари благодарение на сурогат-мајка. Наскоро, парот ќе добие близнаци.

Шарде

„Никогаш нема да можам да искусам како е да ги имам и чувствувам како мрдаат внатре во мене, да почувствувам клоцање“ – вели Шарде во видеото, пред да добие можност да го почувствува мрдањето на бебињата со помош на појас поставен на стомакот.

Видео

Првоначално, појасот бил создаден за да можат татковците да го искусат она што го чувствуваат нивните бремени жени, но тој сега доби и поширока употреба.

Видеото е создадено по повод Светскиот ден на прегратката. „Најдобрата прегратка од сите е првата која ќе ја почувствува мајката“ – пишува на почетокот од него.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.