Смртта на Низама Хеќимовиќ од Босна и Херцеговина стана симбол на револуција. Илјадници луѓе се собраа на протест во Сараево за да се борат против насилството врз жените, откако младата мајка беше брутално претепана и убиена од невенчаниот сопруг.
Нермин Сулејмановиќ ја усмрти Низама пред очите на 9-месечната ќерка, а сето тоа го пренесуваше во живо на Instagram.
Иако Низама неколку дена претходно го пријави Нермин за насилство, институциите не презедоа соодветни мерки за спречување на нов напад.
Нермин усмрти уште двајца, а рани три лица, по што се самоуби.
„Стоп за фемицидот“, „Не за насилството“, „Нас секој ден со вас ни е ден на жалост“, „Оваа Барби сака да го запре фемицидот“, „Молчењето е одобрување“... Моќни пораки беа напишани на впечатливите транспаренти низ сараевските улици.
Собирот започна со обраќање на градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, која пред граѓаните изнесе барања за подобрување на институционалната борба против насилството.
Protest u Sarajevu zbog ubistva Nizame Hećimović. Video: https://t.co/I4u4MdpYZZ pic.twitter.com/aL6ACXAzpO
— Vijesti.ba (@Vijesti_ba) August 14, 2023
"Sarajevo šeta za Nizamu" - Benjamina Karić se obratila okupljenima pic.twitter.com/84z6LAmm1M
— Oslobođenje (@Oslobodjenjeba) August 14, 2023