Почетна » Новости » Актуелно » Обединете се! Активизам за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата

Обединете се! Активизам за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата

„Повеќе од 1 на 3 жени доживуваат родово базирано насилство во текот на животот. Насилството врз жените и девојчињата останува најраспространето кршење на човековите права во светот. Треба да придонесеме за да ставиме крај на насилството СЕГА“ – пишуваат од Tелото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, UN Women.

Денес во светот се одбележува Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените. Со ова, се означува почетокот на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња“, која ќе трае до 10 декември, односно Денот на човековите права.

Стоп за насилство врз жените

Најголем дел од насилствата врз жените не се пријавени поради неказнивоста, тишината, стигмата и срамот кој ги опкружува. Жените жртви на насилство не се само бројка. Потребно е заедно да делуваме и да ги поддржиме да го кренат својот глас и да ги раскажат нивните приказни.

Овогодишната тема „Обединете се! Активизам за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата!“ има за цел да ги инспирира сите да станат активисти за спречување на родово базираното насилство и да ги поддржи феминистичките движења ширум светот.

Стоп за насилство врз жените Стоп за насилство врз жените

„Ајде еднаш засекогаш заедно да негуваме култура која одбива да толерира насилство каде било и во каква било форма“ – вели Амина Џ. Мохамед, заменик генерален секретар на ОН.

Стоп за насилство врз жените

Во рамките на кампањата се повикуваат луѓето да го обојат светот во портокалова боја, како симбол за светла иднина за жените и девојчињата.

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

Стоп за насилство врз жените

Насилството беше засилено со пандемијата од КОВИД-19, а сега зазема уште поголем замав поради глобалната криза и економската нестабилност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.