Почетна » Новости » Занимливости » Да ставиме крај на силувањето – прекумерен данок за општеството

Да ставиме крај на силувањето – прекумерен данок за општеството

Изјава на извршната директорка на Tелото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women, Пумзиле Мламбо Нгчука, по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените - 25ти ноември 2019:

Жени

Ако може да имам една желба која би се исполнила, тоа би било целосно ставање крај на силувањето. Тоа подразбира дека едно значајно оружје за војувањето ќе го снема од арсеналот на конфликтот, нема да има потреба од дневна проценка на ризик за девојчињата и жените на приватните и јавните простори, отстранување на насилно манифестирање на моќ и далекусежна промена за нашето општество.

Силувањето не е изолиран краток чин. Го оштетува телото и оддекнува во сеќавањето. Може да има несакани резултати кои го менуваат животот – бременост или заразна болест. Неговите долготрајни поразителни последици досегаат до другите: семејството, пријателите, партнерите и колегите. За време на конфликт или мир, тоа влијае врз одлуките на жените да се иселат од околината поради страв од напад или поради стигма врз оние кои преживеале силување. Жените и девојките кои ги напуштаат своите домови како бегалки исто така ризикуваат од небезбеден транспорт и небезбедни услови за живот кадешто недостасуваат врати кои се заклучуваат, соодветно осветлување и пристојни тоалети. Девојчињата кои се омажени како мали со цел да најдат сигурен дом, или во камповите за бегалци, можат да се најдат во околности каде што силувањето се одобрува, со малку засолништа на располагање за оние кои сакаат да избегаат, како шелтери и сигурни сместувалишта.

Во најголем број на држави, девојките адолесценти се под најголем ризик од сексуално насилство од сегашен или поранешен сопруг, партнер или момче. Како што знаеме од нашата работа на други форми на насилство, домот не е безбедно место за милиони жени и девојчиња.

Речиси насекаде, најголем број од извршителите на силување се непријавени или неказнети. За жените воопшто да пријават потребна е голема отпорност на повторното преживување на нападот, одредено знаење каде да се оди и степен на доверба за одговорноста на услугите кои се бараат – ако, секако, постојат услуги каде може да се обратат. Во многу земји, жените кога пријавуваат сексуален напад знаат дека поверојатно е да бидат осудени отколку дека ќе им се поверува и дополнително, ќе мора да се справуваат со непотребното чувство на срам. Последица од овие аспекти е угнетувањето на женските гласови во врска со силувањата, значителното непријавување и постојаната неказнивост на извршителите. Истражувањата покажуваат дека само мал дел на адолесцентните девојки кои преживеале присилен сексуален однос побарале професионална помош. И помалку од 10% од жените кои побарале помош после преживеаното насилство ја контактирале полицијата.

Позитивен чекор за зголемување на одговорноста е силувањето секаде да се регулира како казниво. Во моментов, повеќе од половина од државите немаат донесено закони кои го криминализираат силувањето во брак или пак кои се засноваат на принципот на согласност. Заедно со криминализирање на силувањето, многу е потребно да се подобриме во поставување на жртвата во средиштето на пружањето одговор и силувачите да се повикуваат на одговорност. Ова подразбира зајакнување на капацитетите на одговорните за спроведување на законот да ги истражат овие кривични дела и да ги поддржат жртвите низ кривични постапки, со пристап до правда, полициски и правосудни услуги, како и здравствени и социјални услуги, особено за жените кои се најмногу маргинализирани.

Поголемиот број на жени во полицијата и нивно соодветно обучување е прв клучен чекор во обезбедување на жртвите да можат да имаат доверба и да чувствуваат дека нивните пријави сериозно ќе бидат земени предвид во секоја фаза на она што следи како сложен процес. Напредокот, исто така, подразбира дека успешно ќе ги третираме многуте институционални и структурни пречки, патријархалните системи и негативни родови стереотипи кои постојат во областа на безбедноста, полицијата и правосудните институции, како што постојат и во другите институции.

Оние кои го користат силувањето како оружје знаат колку голема моќ на трауматизирање тоа има и како ги подрива гласноста и ангажираноста. Ова е прекумерен данок за општеството. Ниту една генерација не смее да страда за да се избори со последиците од злоупотреба.

Ние сме Генерација Еднаквост и ние ќе го запреме силувањето!

Пумзиле Мламбо НгчукаПумзиле Мламбо Нгчука

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.