Почетна » Новости » Занимливости » Да го обоиме светот во портокалово! Да не оставиме никого зад нас! Стоп за насилството врз жените и девојчињата

Да го обоиме светот во портокалово! Да не оставиме никого зад нас! Стоп за насилството врз жените и девојчињата

„Една од три жени и девојчиња е жртва на насилство во текот на нејзиниот живот - тоа е премногу. Се случува во секоја земја, во секое општество. Се случува дома, во училишта, на улица, на работа, на интернет и во камповите за бегалци. Се случува за време на војна и во отсуство на војна. Насилството пречесто се смета за нормално и поминува неказнето.“

„Без оглед на тоа каде се случува насилството врз жените, без оглед во која форма се случува и кого го засега, мора да биде спречено!“

Порака на UN Women

Светот се обединува против родово базираното насилство под темата „Не оставајте никого: Ставете крај на насилството врз жените и девојчињата“.

Стоп за насилството врз жените и девојчињата

25 ноември е Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените и почеток на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња“, која ќе трае до 10 декември, односно Денот на човековите права.

Во рамките на кампањата, се повикуваат луѓето да го обојат светот во портокалова боја, како симбол за светла иднина за жените и девојчињата.

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

Стоп за насилството врз жените и девојчињата

Според Светската банка, податоците се застрашувачки - во одреден момент од нивните животи, речиси една милијарда жени стануваат жртви на насилство од интимен партнер или сексуално насилство од лице кое не им е партнер. На глобално ниво, 38% од убиствата на жени се извршени од нивен интимен партнер.

Стоп за насилството врз жените и девојчињата

Пораката на Антонио Гутереш, Генералниот секретар на Обединетите Нации, е: „ОБИДИНЕТЕ СЕ да го елиминираме насилството врз жените до 2030 година“.

„Кога зборуваме за тоа да не оставаме никого зад нас, сакаме да ги идентификуваме сите различни форми на насилство кои жените ги искусуваат. Насилството стана дел од животот. Денес се ОБЕДИНУВАМЕ повторно за да кажеме дека ова НЕ Е светот во кој сакаме да живееме. Стоиме до жените кои го пронаоѓаат својот глас и собираат храброст да ги разоткријат моќните мажи кои ги искористуваат помалку моќните“ - изјави Фумзиле Мламбо-Нгкука од UN Women.

Стоп за насилството врз жените и девојчињата

!

Насилството врз жените е глобална пандемија. За разлика од болестите, за неа нема лек, но има начини да се спречи пред да се случи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.