Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.594 тестирања, а има 568 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 230
- Куманово – 44
- Битола – 39
- Прилеп – 29
- Кавадарци – 27
- Штип – 26
- Велес – 19
- Кочани – 18
- Тетово – 16
- Делчево – 13
- Кичево – 12
- Гевгелија – 11
- Охрид и Струмица – по 10
- Неготино и Крива Паланка – по 9
- Свети Николе – 7
- Берово – 6
- Богданци – 5
- Гостивар, Ресен и Кратово – по 4
- Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3
- Крушево и Демир Хисар – по 2
- Валандово, Македонски Брод, и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 од Скопје (44г, 74г, 75г, 82г и 82г), 2 од Кавадарци (69г и 87г) и по едно од Тетово (16г), Неготино (77г), Куманово (79г), Кочани (77г) и Демир Хисар (90г). Сите тие се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Станува збор за лица на возраст од 61 до 75 години, од кои 5 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од:
- Скопје – 173
- Куманово – 28
- Струмица – 11
- Велес – 10
- Прилеп – 9
- Битола и Гевгелија – по 8
- Кавадарци и Штип – по 7
- Крива Паланка – 6
- Богданци и Пробиштип – по 5
- Свети Николе и Кратово – по 4
- Кочани – 3
- Охрид, Неготино, Радовиш, Валандово и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131.