Александра Пријовиќ ја размрда македонската публика на концертот во Скопје, а имаше и специјална гостинка.
Во арената „Јане Сандански“, на сцената со српската пејачка настапи и нашата музичка ѕвезда Тамара Тодевска.
„Благодарам за почитта и поканата, моја драга Александра Пријовиќ. Преубаво искуство и вечер исполнета со многу љубов“ – напиша Тамара во описот на објавените фотографии на Instagram.
Пријовиќ блесна во гламурозна златна креација, додека Тодевска носеше бел костум.
Тамара позираше и со својот партнер Лука Радовиќ.
Фотографии: Тамара Тодевска / Instagram