Почетна » Новости » Занимливости » „Да живее Македонија“: Танчарката Ева Карамановска одушеви на Светското првенство во латино танци

„Да живее Македонија“: Танчарката Ева Карамановска одушеви на Светското првенство во латино танци

Ева Карамановска ги украде сите симпатии на Светското првенство во латино танци кое од 18 до 23 ноември се одржуваше во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Младата танчарка од студиото „Данса Латина Стефи“ се појави на сцената облечена во креација инспирирана од македонското знаме и имаше емотивен настап кој стана хит на социјалните мрежи.

„Денес на светското првенство во латино ечеше македонска песна. Спојот на традиционалното со модерното ја крена цела сала на нозе. Емоција која вреди да се доживее. Да ја зачуваме традицијата, македонскиот јазик, споменот на нашиот Тоше. Заслужен пласман во полуфинале. Да живее Македонија“ – стои во објавата на Студиото за танци.

Ева сподели и фотографии на Instagram:

Ева Карамановска Ева Карамановска Ева Карамановска Ева Карамановска

ФОТО: Instagram / Studio Dansa Latina Stefi, Eva Karamanovska

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.