Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли: „Мајчинството е мојата среќа, можете да ми одземете сè друго“

Анџелина Џоли: „Мајчинството е мојата среќа, можете да ми одземете сè друго“

Анџелина Џоли постојано нижи успеси и освојува фанови со улогата во новиот филм „Maria“ за кој научи да пее на чекор до шестата деценија од животот.

49-годишната актерка зборуваше за часовите по оперско пеење кои ги имала за потребите на филмот, а се отвори и за мајчинството во интервју за Good Morning America. Таа носеше креација од Ели Сааб.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„Во филмот, Марија вели дека не постои живот надвор од сцената. Дали има нешто во твојот живот кое се споредува со нејзината љубов кон пеењето?“ – ја прашува водителот на Good Morning America, на што таа одговара: „Моето мајчинство. Тоа е мојата среќа. Можете да ми одземете сè друго, ништо друго не е важно“.

@gma Angelina Jolie calls motherhood “my happiness.” “You could take everything else away from me. Nothing else matters.”️ #angelinajolie #motherhood #parenting #family #maria #mariacallas ♬ original sound - Good Morning America

Џоли сподели дека нејзините деца не сакаат да бидат пред камера и дека многу им е важна нивната приватност, но и дека нејзините најголеми синови работеле со неа зад камерите на „Maria“.

„Ниту едно од моите деца не сака да биде пред камера. Тие се екстремно приватни, не беа родени со приватност, па се надевам дека ќе можат да го имаат тоа додека растат. Но, моите синови Медокс и Макс беа со мене на сетот. Сите мои деца страдаа низ моето почетничко оперско пеење во куќата, пред да станам добра на некој начин. Тоа беше кошмар“ – рече таа.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

За оперското пеење, Џоли вели дека ѝ било како терапија.

„Сите ние не сфаќаме дека различните нешта кои ни се имаат случено низ животот, ги чуваме во нашето тело. Сè е заклучено некаде за да ни помогне да одиме понатаму. Да пееш вистински, мораш да го отклучиш сето тоа. На мојата прва лекција, вдишав длабоко и само плачев. И си заминав“ – рекла таа.

Џоли во филмот ја има улогата на опрската пејачка Марија Калас. Многумина прогнозираат дека таа ќе добие и Оскар за истата.

@angelinajoliewifey Oh Angelina Jolie I love you! She’s so proud of her movie and she cares so much about Maria (Callas) #angelinajolie #maria #film #fyp #mariacallas #cinema #aura #actress ♬ suono originale - Angelina Jolie’s aura
Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Maria

Џоли ги има шесте деца од бракот со Бред Пит. Таа поднесе документи за развод во 2016 година и оттогаш го има целосното старателство. Деновиве медиумите пишуваат дека децата осум години не се виделе со родителите на Бред, а неколку од нив го отфрлија неговото презиме.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.