Каролина Гочева ја започна својата турнеја низ Германија.
44-годишната македонска пејачка го одржа својот прв концерт во Штутгарт и објави фотографии на социјалните мрежи за да им ја долови атмосферата на своите обожаватели.
На сцената, Каролина шармираше во црна креација која го истакна нејзиното витко тело.
„Не се враќаш“, „За година две“ и „Немир“ беа дел од песните со кои Каролина ја освојуваше публиката.