Почетна » Новости » Музика » Елвир Мекиќ се враќа на сцената со дует со Пајак, слушнете ја песната „Негде после два“

Елвир Мекиќ се враќа на сцената со дует со Пајак, слушнете ја песната „Негде после два“

На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден голем бран на хитови кои котираат високо на трендинг листите и имаме чувство како полека да се враќа сè она што ѝ недостасуваше на македонската сцена. По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ - популарниот хитмејкер од 2000-ти години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак. Судејќи според реакциите од тизер-рефренот на нивната нова песна со наслов „Негде после два“, несомнено ќе имаме уште еден хит.

Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп музика. И новата песна, која е со модерен звук, го има стариот вајб со примеси на ретро РНБ 2000-ти.

„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кои имаат 15 години да не ме познаваат“ - изјави Елвир.

Видео:

Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после два“, „Армија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др. Аранжманот миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е во режија на Гордан Божиновски - Урбан Рекордс продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол, Гурман стрит и Лимак Хотел. Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.

Елвир Мекиќ и Пајак

Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.

Во продолжение погледнете го спотот за песната „Негде после два“, кој се промовираше на Јутуб каналот на Урбан Рекордс и веќе е на трендинг листата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19780 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.