Синоќа, во Македонскиот народен театар се одржа премиерата на најавуваната претстава „12“, во режија на Синиша Евтимов.
Во претставата, направена по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), улогите ги толкуваат нашите врвни актери Ѓорѓи Јолевски, Сашко Коцев, Владо Јовановски, Игор Џамбазов, Александар Микиќ, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Јордан Симонов, Сенко Велинов и Оливер Митковски.
На вчерашниот настан присутни беа многу македонски славни личности, а целата екипа доби громогласен аплауз по завршувањето на претставата.
Катарина Ивановска и Тамара Тодевска беа придружувани од своите партнери, Тони Михајловски сподели фотографија на која позира со синот, режисерот Милчо Манчевски не ја пропушти претставата на оваа легендарна екипа.
Во публиката беа и актерката Ана Стојановска, поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов со сопругата Маја, комичарите Тино и Атанас, водителот Жарко Димитриоски, фронтменот на Архангел – Ристо Вртев и уште многу други.
Фотографии: МНТ / Facebook