Почетна » Новости » Занимливости » Како кукла во нејзините раце: Се сретнаа највисоката и најниската жена на светот

Како кукла во нејзините раце: Се сретнаа највисоката и најниската жена на светот

Ако некогаш сте се запрашале како би изгледала средбата меѓу највисоката жена на светот и најниската, сега можете тоа да го видите.

Румеиса Гелги, највисоката жена на светот, се запозна со Јоти Амге, најниската жена на светот, а нивната средба беше овековечена со фотографии и видеа.

На 20-тиот по ред Ден на Гинисовата книга на рекорди, Румеиса, којашто е висока 215,16 сантиметри, лично ја запозна Јоти, којашто има висина од само 62,8 сантиметри. На фотографиите, 30-годишната Индијка изгледа како кукла во рацете на 27-годишната Турчинка.

Румеиса Гелги и Јоти Амге Румеиса Гелги и Јоти Амге Румеиса Гелги и Јоти Амге Румеиса Гелги и Јоти Амге

„Многу си убава“ – ѝ вели Гелги на Јоти во видеото, а таа ѝ возвраќа: „Благодарам, исто и ти“.

@dailymail The world's tallest and shortest women finally meet ito celebrate the Guinness World Records Day. 27-year-old Rumeysa Gelgi, who is 7.1ft bonded with Indian actress Jyoti Amge, aged 30, who stands at 2.1 feet tall. Gelgi joked that it was 'difficult for us to make eye contact at times' due to their height difference, but discovered they actually have a lot in common. Reuters / Guinness World Records Day 2024 #tall #short #news #record #size #amazing ♬ Epic Music(863502) - Draganov89

„Беше убаво што ја запознав за првпат највисоката жена на светот. Таа е многу добродушна, се чувствувам удобно со неа“ – рекла Амге и додала дека и покрај разликата во висината, тие имаат и заеднички интереси.

„Двете сакаме накит, да се грижиме за себе, да се шминкаме и да си ги средуваме ноктите“ – додала таа.

Румеиса Гелги и Јоти Амге Румеиса Гелги и Јоти Амге Румеиса Гелги и Јоти Амге Румеиса Гелги и Јоти Амге Румеиса Гелги и Јоти Амге

Двете жени беа прогласени за „Икони“ од Гинис.

Румеиса се запиша во Книгата со рекорди во 2021 година, а Јоти во 2011 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19706 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.