Никол Бернардес е уште една вљубеничка во модата која инспирира со своите стилски приказни.
39-годишната блогерка зрачи со харизма и позитивност, а поседува изострено чувство за стил кое го користи за склопување на урбани и удобни модни комбинации.
Никол честопати се облекува во складни комбинации со сопругот Силвејн, со кого има две деца.