Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Венко Филипче: Како до правилна домашна само-изолација?

Венко Филипче: Како до правилна домашна само-изолација?

Министерството за здравство сподели чекори кои треба да се следат за правилна домашна само-изолација.

Само-изолација
  • Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
  • Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
  • Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
  • Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
  • Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
  • Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.
  • Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.
  • Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.
  • Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.

Да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Од нас зависи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.