Почетна » Рецепти » Намирници » 5 храни кои никогаш не треба да ги лупите

5 храни кои никогаш не треба да ги лупите

Најголем дел од луѓето секогаш би избрале лупено овошје и зеленчук, за да го избегнат непријатниот вкус на лушпата. Скоро никој не ги сака лушпите, затоа што се тешки за џвакање и имаат неубав, понекогаш блуткав или горчлив вкус.

Сепак, постојат некои овошја и зеленчуци кај кои лушпата содржи најмногу антиоксиданси и затоа внесувањето на нивната лушпа ќе ве направи поздрави. Никој не ве принудува да јадете ананас со лушпа, но следниве храни заслужуваат и ви препорачуваме да ги јадете цели.

КраставицаЈаболкоПортокалМодар патлиџанКиви

Краставица

Краставицата е зеленчук кој не треба да го прескокнувате. Освен тоа што е ниско калоричен зеленчук, краставицата има лушпа која е особено корисна. Основната компонента на лушпата на краставицата (силика) помага во формирањето на колагенот на кожата.

Оваа лушпа нема лош вкус, па затоа наредниот пат кога ќе правите салата ставете ја краставицата неизлупена.

Јаболко

Истражување во Cornell University, покажало дека лушпата на јаболкото содржи 87% повеќе фитохемикалии кои се борат против ракот, отколку сочната внатрешност на јаболкото. Лушпата на јаболкото нема лош вкус и лесна е за џвакање.

Помогнете му на вашето тело да се бори против болестите и јадете го јаболкото цело.

Портокал

Надворешната лушпа на портокалот е богата со д-лимонин, кој е непријател на UV зраците. Според истражувачите на универзитетот во Аризона, Америка, консумирањето на една чајна лажичка изрендана кора од портокал неделно, го намалува ризикот од рак на кожата за 30%.

Ако не ви е пријатно да ја јадете кората сурова, измешајте ја во салата. Така салата ќе добие убава арома и вие без проблем ќе ја изедете кората.

Модар патлиџан

Лушпата на еден модар патлиџан во просек содржи 300mg насунин, антиоксиданс кој ги заштитува мозочните клетки, 200mg калиум и 13mg магнезиум.

Ако го јадете овој зеленчук похован, никогаш нема да ја забележите лушпата, а таа ќе се бори за вашето здравје.

Киви

Основните компоненти на лушпата на кивите помагаат во борбата против бактерии како стафилококи и Ешерихија коли. Лушпата на кивите не е пријатна за јадење.

За да ја внесете без да ја забележите, исечете ја кивата на тенки парченца или измешајте ја во салата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.