Почетна » Новости » Занимливости » „Еве што може да направи љубовта“: Хуманитарката која го спаси прегладнетото „дете-вештер“ покажа како изгледа тоа денес

„Еве што може да направи љубовта“: Хуманитарката која го спаси прегладнетото „дете-вештер“ покажа како изгледа тоа денес

Со љубов може да се надминат многу животни предизвици и да се случи навидум „невозможното“.

Хуманитарката, која пред 9 години спаси прегладнето детенце во Нигерија, покажа како изгледа тоа денес. Ања Рингрен Ловен сподели фотографија од денот кога го спаси малиот Хоуп, кој бил напуштен од семејството затоа што бил „вештер“, заедно со фотографии од неговиот изглед денес.

Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен

Хоуп денес живее во центарот основан од Ања заедно со 93 други деца, кои заедно учат, спортуваат и растат во среќни личности под раководство на активистите.

„Прелистајте за да видите што може да направи ЉУБОВТА. Училиштето на Хоуп ги славеше спортовите и сакав да споделам фотографија од него. Но, не можев да одберам која фотографија да ја споделам, бидејќи тој е многу згоден. Па, еве ви ги сите“ – напиша Ања.

Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен

Инспиративната хуманитарка е посветена на заштитување и спасување на деца во Нигерија обвинети за вештерство. Фотографијата од Хоуп која стана вирален хит низ светот ѝ го промени животот и ѝ ја донесе титулата „Најинспиративна личност“. На неа, Ања му дава вода на „детето-вештер“ пред да го одведе во болница, но никој не верувал дека тоа ќе преживее.

Нигерија

„Кога го ставивме во автомобилот, го погледнав мојот сопруг Дејвид и му реков дека треба да го крстиме Хоуп. Не сакав да умре без име. Заслужуваше да умре со достоинство“ – напиша Ања во својата книга.

Нигерија Нигерија

Но, Хоуп не само што преживеа, туку има прекрасен живот и е опкружен со љубов.

Хоуп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24870 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.