Раде Врчаковски – Врчак со голема тага ја прими веста за смртта на Андреј Ѓорѓиески од ДНК.
Македонскиот рапер, кој беше долгогодишен соработник на ДНК, објави емотивна порака за својот пријател кој го загуби животот во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, не можев ни на Facebook да гледам ништо… Уште не можам, уште закрепнувам, ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине - кога му го слушнав гласот, ме врати во живот. Цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“ – стои во објавата на Врчак.
Врчак објави и фотографија од настап на Андреј и Панчо.
Владимир Блажев – Панчо од ДНК е сè уште на лекување во Систина, но е надвор од животна опасност.


