Почетна » Здравје » Заболувања » Венко Филипче: Што е пандемија?

Венко Филипче: Што е пандемија?

Пандемска епидемија или пандемија е состојба на ширење на заразна болест на широка територија, повеќе држави или континенти, а особено кога има ширење на поголема територија на нова непозната болест.

Светската здравствена организација прогласи Пандемија на новиот коронавирус COVID-19 и поради фактот дека се работи за нов вид на корона вирус, како и поради фактот дека е проширен на повеќе континенти.

Коронавирус

Пандемијата, согласно CDC има свои 6 фази:

Фаза 1: Интервал на истражување (Investigation Interva)

Нов тип на вирус е идентификуван и се истражува во животни или луѓе било каде во светот, а за којшто се смета дека може да има влијание на луѓето.

Фаза 2: Интервал на препознавање/идентификување (Recognition Interval)

Интервал кога се зголемуваат бројот на случаи, или пак кластери на случаи, истите се идентификуваат и се зголемува можноста и ризикот за пренесување на вирусот од човек на човек.

Фаза 3: Иницијален интервал (Initiation Interval)

Интервал кога се потврдени случаи на вирусот и е потврден преносот од човек на човек.

Фаза 4: Интервал за забрзано ширење (Acceleration Interval)

Интервал кога вирусот се шири помеѓу населението, односно лицата кои се подложни истиот. Јавно здравствениот систем превзема мерки за намалување на ширењето како што се затворање на училишта, дава препораки за намалување и сигурна комуникација и слично, а во зависност од вирусот, се обезбедува вакцина или антивирална терапија.

Фаза 5: Интервал на опаѓање (Deceleration Interval)

Интервал кога се забележува константно опаѓање на бројот на заболените лица.

Фаза 6: Интервал на подготовка (Preparation Interval)

По завршување на пандемијата, Јавно здравствениот систем го следи трендот и се подготвува за евентуален нов напад од тој вирус врз основа на искуствата и научните сознанија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.