Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Браво! 14-годишната Тамара Грујеска го освои третото место на „Сан Ремо Јуниор“ во Италија

Браво! 14-годишната Тамара Грујеска го освои третото место на „Сан Ремо Јуниор“ во Италија

Тамара Грујеска имаше одличен настап на фестивалот „Сан Ремо Јуниор“, на кој беа пријавени повеќе од илјада кандидати.

Иако се соочи со квалитетна конкуренција, 14-годишната пејачка од Македонија го освои третото место. Тамара настапи на големата сцена во театарот „Аристон“ со евровизиската песна „Rise Like a Phoenix“. Таа блескаше во креација од Ива Спасовска.

Видео

Тамара Грујеска

За овој успех, Тамара и нејзината професорка Андријана Јаневска споделија објава на социјалните мрежи.

„Прекрасен настап и изведба на Светското финале на Сан Ремо Јуниор 2025 Италија. Освоено трето место во исклучително квалитетна конкуренција на овој светски фестивал. Навистина е големо задоволство да се пее на Сан Ремо Јуниор и да се претставува Македонија низ светот“ – стои во објавата на Тамара.

Тамара Грујеска

„Трето место на Сан Ремо Јуниор за нашата Тамара Грујеска. Имаше над илјада пријавени кандидати, а Тамара се пласираше во големото финале каде после изведбата во живо со оркестар, во конкуренција од 25 финалисти го освои високото трето место. Честитки за извонредниот успех, Македонија се гордее со тебе! Благодарност до сите кои ни дадоа поддршка!“ – стои во објавата на Андријана.

Тамара Грујеска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.