Горан Папаз не крие колку е среќен и горд со своите четири деца.
Македонскиот саксофонист сподели фотографија од тројката, која ја доби пред точно три месеци со сопругата Наташа Атанасовска-Папаз.
„Три месеци, мама и тато психофизички стабилни. Одиме понатаму...“ – напиша тој во описот.
На фотографијата, преслатките Луна, Лазар и Лена лежат заедно на кревет.

Претходно, Горан имаше споделено уште неколку фотографии од своите дечиња.



Наташа се породи на крајот од декември минатата година.
