Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Тортички црвено кадифе

Тортички црвено кадифе

Тортичка црвено кадифеТортичка црвено кадифе
Тортички црвено кадифе Тортички црвено кадифе Тортички црвено кадифе

Тортичките со боја на рубин, кои популарно се нарекуваат „црвено кадифе“, се одличен финиш на празничен оброк. Привлечните тортички мамат со црвената боја и сунѓерестата текстура, а екстремно брзо исчезнуваат од чинијата.

Состојки за тестото

2½ шолјисенаменско бело брашно
1 мала лажичкакакао во прав
1 мала лажичкапрашок за пециво
1 мала лажичкасол
1½ шолјишеќер
1½ шолјимасло
1 шолјаматеница*
2јајца
1 мала лажичкајаболков оцет
1 мала лажичкаекстракт од ванила
18gцрвена прехранбена боја

*Доколку немате матеница, можете да направите замена. Во шолја ставете една супена лажица јаболков оцет и дополнете со млеко. Промешајте и оставете ја да стои 5-10 минути.

Состојки за филот

450gшеќер во прав
225gкрем сирење
100gпутер или маргарин
1 мала лажичкаекстракт од ванила

Подготовка на тестото

  1. Во длабок сад измешајте ги брашното, какаото, прашокот за пециво и солта.
  2. Во посебен длабок сад ставете ги шеќерот, матеницата, маслото, јајцата и оцетот. Измешајте лесно со виљушка.
  3. Во течната смеса од шеќер и јајца додајте ја сувата смеса со брашното и мешајте со електричен мискер на средна брзина додека смесата не се изедначи.
  4. Додајте ги прехранбената боја и екстрактот од ванила. Продолжете да матите со миксер на мала брзина додека бојата не се распореди подеднакво низ смесата.
  5. Загрејте ја рерната на температура од 180 степени.
  6. Премачкајте ја тавата за мафини со малку масло и со лажица наполнете ги калапите, но не догоре. Наполнете 2/3 од нив.
  7. Ставете ја тавата во рерна и печете 20-тина минути. За да дознаете дали тестото е печено, прободете една тортичка со чепкалка за заби. Ако излезе чиста, тоа е знак дека треба да ги извадите од рерна.
  8. Оставете ги да оладат пред да ги филувате.

Подготовка на филот

  1. Оставете ги крем сирењето и путерот на собна температура 20-тина минути.
  2. Во ист сад додајте ги сите состојки и мешајте со електричен мискер додека смесата не стане мазна како крем.
  3. Пред да ги филувате тортичките, препорачливо е да го оставите филот во фрижидер 15 минути за да се олади.

Полесна варијанта на филот: За побрза и поедноставна подготовка можете да ги украсите тортичките со изматена слатка павлака.

Со готварски шприц нанесете од филот на тортичките и украсете по желба со рендано чоколадо, парче овошје или колоритни украси за колачи и торти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.