Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Вкусот на есента: Мафини со тиква

Вкусот на есента: Мафини со тиква

Поканете ја есента во вашата кујна со превкусни мафини со печена тиква. Слатки, меки и со примамлива арома на цимет и морско оревче, овие неодоливи мафини брзо ќе „летнат“ од чиниите.

Состојки

450 грпире од печена тиква
1 ¾ шолјибрашно
1 шолјабел шеќер
½ шолјакафеав шеќер
2 лажичкицимет
¼ лажичкамелено каранфилче
¼ лажичкаморско оревче
1 лажичкасода бикарбона
½ лажичкасол
1 лажичкаекстракт од ванила
2јајца
½ шолјамасло

Подготовка

  1. Исечете ја тиквата и отстранете ги семките. Покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја околу еден час во загреана рерна на 200°С. Откако ќе се олади, со лажица извадете ја внатрешноста. Ставете ја во блендер или убаво испасирајте, за да добите пире.
  2. Премачкајте ги формите за мафини со малку путер или маргарин и оставете ги настрана.
  3. Во длабок сад ставете ги сите суви состојки, односно брашното, белиот и кафеавиот шеќер, солта, содата, циметот, каранфилчето и морското оревче. Промешајте.
  4. Во друг сад ставете ги јајцата, пирето од тиква, маслото и екстрактот од ванила. Промешајте со маталка, но не премногу и така добиената смеса турете ја во садот со сувите состојки. Добро промешајте со лажица.
  5. Ставете од смесата во формите за мафини и печете на 190°С околу 20 минути.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20098 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.