Празничната еуфорија владее и сите талкаме низ бескрајниот океан од идеи за порадосно велигденско доживување.
За да ја развеселите кулинарската понуда и да ја направите уште поатрактивна, ви предлагаме грицки кои ќе ги обожаваат сите – од најмалите до најголемите.
Велигденски гнезда

Состојки
солени стапчиња Gritz | |
бело чоколадо за торти Синтагма |
Подготовка
Искршете ги солените стапчиња. Растопете го чоколадото или на пареа или во микробранова печка. Полејте ги стапчињата со чоколадо и добро промешајте.
Обложете калапи за мафини со хартија за печење и во секој од нив ставете дел од чоколадираните стапчиња така што да оформуваат „гнезда“. Оставете ги во замрзнувач 5-10 минути.
Во гнездата ставете „весели јајца“ Витаминка и имате совршен велигденски десерт.
За поефектна декорација, создадете „трева“ од кокос кој ќе го обоите со зелена прехранбена боја.

Чоколадирани переци/пеперутки
Состојки
солени переци Gritz | |
бело чоколадо за торти Синтагма | |
колоритни трошки за декорација |
Подготовка
Растопете го чоколадото, ставете ги переците во него и со виљушка внимателно извадете ги и поставете ги на хатрија за печење. Додека се влажни, украсете ги со разнобојни трошки.

Од истите состојки, можете да направите пеперутки кои не само што се примамливи за око, туку и се многу вкусни. (Чоколадото користете го како лепило за да ги споите различните делови.)