Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Американски палачинки

Американски палачинки

Кој не сака палачинки? Палачинките се одлични за појадок или за десерт во кој било период од денот. Неограничен е бројот на комбинации за сервирање, а нивниот вкус лесно можете да го менувате во однос на вашите желби.

Американските палачинки се разликуваат од палачинките кои сме навикнати да ги обожаваме уште од детството, но токму поради тоа се и поинтересни. Помали се и имаат сунѓереста структура која потсетува на пандишпан, па носат едно поинакво доживување на трпезата.

Состојки

1 шолјабрашно
2 големи лажицишеќер
2 мали лажичкипрашок за пециво
½ мала лажичкасол
1 шолјамлеко
1големо јајце
2 големи лажицирастопен путер или масло за јадење

Подготовка

  1. Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте.
  2. Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и растопениот путер и промешајте.
  3. Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки. Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има мали грутчиња.
  4. Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер.
  5. Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата ќе се распореди така што ќе заземе кружна форма (со дијаметар околу 10cm). Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја (околу 2 и пол минути). Потоа превртете ги на другата страна. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината.
  6. Палачинките се редат по неколку една над друга и се прелеваат со мед, јаворов сируп, карамел прелив или чоколаден прелив, или пак се премачкуваат со џем, а се сервираат и со овошје како боровинки, јагоди, малини, банани и сл.

Дополнителни совети

  • За да ги зачувате палачинките топли, загрејте ја рерната на ниска температура и во неа поставете тава обложена со хартија. Како што ќе ги правите палачинките, така редете ги во тавата.
  • Доколку сакате тестото да има неутрален вкус, односно да можете да направите и солени палачинки, ставете само една мала лажичка шеќер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.