Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Гранита – полузамрзнат италијански десерт

Гранита – полузамрзнат италијански десерт

Тропските горештини нè принудуваат да ги пробаме сите можни начини за разладување. Додека надвор температурите се искачуваат до својот максимум, ви предлагаме да се освежите со еден многу популарен италијански десерт – гранита.

Гранита е полузамрзнат десерт направен од вода, шеќер и овошје или други додатоци како кафе и чоколадо, кој води потекло од Сицилија. Одлично ќе се вклопи во вашата летна исхрана затоа што е лесен за консумирање и не содржи многу калории. Освен тоа, изгледа мошне примамливо и може да се декорира на различни начини за уште поинтересен изглед.

За подготовка на овој нискокалоричен десерт, можете да користите секаков вид на овошје. Најчесто се користат лимони, портокали, лубеница или јагоди.

Гранита од лимон

Состојки:

500mlвода
200gшеќер
10лимони

Подготовка:

Гранита од лимон
  1. Ставете ги водата и шеќерот во тенџере и во смесата ситно изрендајте кора од четири лимона. Тенџерето ставете го на оган околу 3-4 минути, односно додека шеќерот целосно не се растопи.
  2. Направената течност (шербет) прецедете ја за да ги отстраните парчињата кора, а потоа претурете ја во тава за печење или во сад соодветен за во замрзнувач.
  3. Исцедете го сокот од десетте лимони и додајте го во шербетот. Садот ставете го во замрзнувач.
  4. По 30 минути, извадете го садот од замрзнувачот и со вилушка „изгребете“ низ течноста за да го раздробите мразот кој ќе се формира по краевите и на површината. Повторувајте го тоа на секои 30 минути во текот на 2-3 часа, т.е. додека не замрзне целата смеса. Со оваа постапка ќе успеете да формирате гранули мраз и смесата нема да се замрзне во едно големо парче мраз.
  5. Гранитата од лимон можете да ја служите во коктел чаша, чаша за мартини, чаша за сладолед и сл. Декорирајте со тенки лентички кора од лимон или со парче лимета.

Гранита од лубеница

Состојки:

1kgлубеница
250mlвода
100gшеќер
2 супени лажицисок од лимета или лимон

Подготовка:

Гранита од лубеница
  1. Или користете лубеница без семки, или исчистете ја лубеницата и исечкајте ја на мали коцки. Ставете ја во блендер и иситнете ја. По избор, можете да ја исцедите за да го користите само сокот, но можете да ја користите и пулпата.
  2. Во тенџере ставете ја водата и шеќерот и загревајте ги 3-4 минути додека шеќерот не се растопи.
  3. Измешајте ја лубеницата со направениот шербет од вода и шеќер и додајте го сокот од лимета или од лимон.
  4. Смесата ставете ја во соодветен сад и оставете ја 30 минути во замрзнувач.
  5. По 30 минути, извадете го садот од замрзнувачот и со вилушка „изгребете“ низ течноста за да го раздробите мразот кој ќе се формира по краевите и на површината. Повторувајте го тоа на секои 30 минути во текот на 2-3 часа, т.е. додека не замрзне целата смеса. Со оваа постапка ќе успеете да формирате гранули мраз и смесата нема да се замрзне во едно големо парче мраз.
  6. Декорирајте со парчиња лубеница со кора.

Дополнителни совети

Бидете инвентивни. Вашето омилено овошје лесно може да се претвори во гранита. Ако не ја служите гранитата на деца, можете да ја „зачините“ со алкохол. Џинот и вотката одлично се комбинираат со лимони, па и со лубеница. Исто така, можете да користите и ликери за поразновидни вкусови.

За гранитата да има уште побогат вкус, можете да ја послужите прекриена со шлаг. Или, да ставате во чаша ред гранита, ред шлаг.

Експериментирајте, разладувајте се и уживајте во чаша овошен снег!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.