Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Полнети зачинети јајца

Полнети зачинети јајца

Сите го сакаат и со нетрпение го очекуваат бојадисувањето на велигденските јајца и традиционалното кршење со нив. Но, кога забавата ќе одмине, остануваат полни садови со варени јајца кои не се многу привлечни и ги јадеме „насила“.

За да го немате проблемот со десетиците останати велигденски јајца кои никој не сака да ги изеде, ви предлагаме лесен начин да ги направите варените јајца неодоливи и за вашето семејство и за вашите гости за време на празниците.

Полнети зачинети јајца

Полнетите зачинети јајца се многу популарни во светот затоа што се приготвуваат брзо и можат да се зачинуваат со најразлични додатоци, па се прилагодуваат на сечиј вкус. Постојат стотици вкусни варијации на ова јадење, а во продолжение ќе најдете две од нив.

Полнети јајца со сланина и млад кромидПолнети јајца со сланина и млад кромид Полнети јајца со кисели краставичкиПолнети јајца со кисели краставички

Полнети јајца со сланина и млад кромид

Состојки

6варени јајца
2 лажицимајонез
1 лажичкасенф
1ситно исечкано младо кромитче
4 лентисланина
1 лажичкајаболков оцет
сол
црн пипер

Подготовка

  1. Излупете ги јајцата, пресечете ги на половина по должина и извадете им ги жолчите без да ја уништувате формата на белките.
  2. Потпржете ја сланината и исечкајте ја на мали парчиња. Дел од нив зачувајте настрана за декорација.
  3. Младиот кромид ситно исечкајте го. Белиот дел од кромидот употребете го за полнежот на јајцата, а зелениот нека ви послужи само за декорација.
  4. Жолчките од јајцата ставете ги во длабок сад и во нив додајте ги мајонезот, сенфот, оцетот, сланината и кромидот. Зачинете со црн пипер и сол. Со виљушка испасирајте ја смесата за сите состојки да се соединат.
  5. Со смесата наполнете го вдлабнатиот дел на белките. Тоа можете да го направите со лажичка, готварски шприц или пак со најлонска кесичка (ставете ја смесата во кесата и направете мал отвор на едниот крај низ којшто ќе ја истиснувате).
  6. Декорирајте со мали парченца зелен кромид и сланина.

Полнети јајца со кисели краставички

Состојки

6варени јајца
2 лажицимајонез
1 лажичкасенф
3кисели краставички со средна големина (ситно рендани)
1 лажичкајаболков оцет
сол
црн пипер

Подготовка

Подготовката е иста како погоре, единствено се разликува декорацијата. За повпечатлив изглед, попрскајте ги јајцата со црвена пипер или чили во прав.

Варијации

Полнети јајца декорирани доматЗа декорација е искористено кружно парче од мал домат и зелено кромитче. Полнети јајца со декорација пајакЗа декорација можете да искористите црни маслинки со кои ќе оформите пајак за да ги израдувате децата.
Полнети јајца со декорација пилеЈајцето со изглед на пиле ќе го направите ако пресечете само мал дел од белката на горниот дел. Наполнете го јајцето со смесата и направете очи од маслинки и клун од морков. Полнети јајца со цвеклоНаместо кисели краставички искористено е цвекло од тегла кое ѝ ја дава на смесата розовата боја.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.