Британските истражувачи сметаат дека јајцата заслужено треба да се нарекуваат супер храна, поради тоа што го подобруваат здравјето и се борат против дебелината.

Анализирајќи ги резултатите од 71 истражување, истражувачите заклучиле дека јајцата се меѓу најхранливите намирници и препорачуваат секој ден да се консумира по едно јајце.
Јајцата се нискокалорична храна, богата со протеини, особено витамин Д, Б12 и холин. Потребно е само едно јајце за да внесете 20% од препорачаните дневни потреби на витамин Д. Исто така, јајцата ги содржат основните аминокиселини потребни за правилно растење на децата и тинејџерите.
Со само 80 калории во просек, јајцата играат и голема улога во процесот на слабеење. Тие предизвикуваат заситеност, помагаат во одржувањето на телесната тежина, а плус и го подобруваат здравјето на очите.