Празникот Велигден прави секоја домаќинка да се претвори во вистински уметник и да создава што поинтересни декорации за домот и се разбира, да бојадиса што поубави јајца.
Но, ретко кој може да му конкурира на проектот на Волкер и Криста Крафт, пензионери од Германија, чиешто дрво е накитено со 9 800 рачно декорирани јајца.
Нивното дрво за првпат било накитено во 1965 година со само 18 јајца. Но, како што поминувале годините, бројот на јајцата се зголемувал за сега да се доближи до 10 000.
Денес и китењето на дрвото не е така лесно како што било во 1965г. На Крафт му се потребни 2 седмици и многубројни качувања и слегувања од дрвото за да може да ги нареди сите јајца.
75-годишниот старец го започнал овој животен проект за неговите деца, кои уште од мали, па сè до ден денес рачно декорираат јајца за да се зголемува колекцијата.
Сите обесени јајца се празни за да се спречи расипувањето, а најголем дел од нив се украсени со христијански симболи.
Волкер планира наредната година заедно со семејството да направат 200 јајца, да стигнат до 10 000 и со тоа да го завршат проектот. Единствената причина за крајот на проектот е што Волкер веќе нема простор каде да ги чува многубројните кутии со јајца.