Почетна » Рецепти » Намирници » Сè што не сте знаеле за јајцата

Сè што не сте знаеле за јајцата

Јајцата се незаменлив извор на протеини, а содржат и витамини и минерали. Достапни за сите преку целата година, тие се толку лесни за приготвување и исто толку вкусни и корисни.

Јајца на окоЈајцата се совршена храна за балансирана и здрава диета.

Јајцето – важно за вашето здравје

ЈајцаЈајцата се богати со холин и се важен извор на протеини.

Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни. Во белката нема холестерол.

Половината од составот на жолчката е вода. Една третина од неа припаѓа на мастите, а белковините во неа се 15-16%. Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол. Околу 2% од жолчката е холестерол, но тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш. Најновите истражувања покажуваат дека консумирањето на едно јајце дневно од здрав возрасен човек не го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Јајцата се богати со холин. Холинот има силна улога во развојот на мозокот и неговото функционирање. Тој е особено важен за бремените жени затоа што е потребен за развиток на мозокот на фетусот. Две големи јајца содржат 252 милиграма холин. Тоа е речиси половината од дневните потреби.

Јајцата се важен извор на протеини. Протеините се потребни за создавање и обновување на клетките во организмот. Протеините учествуваат во градбата на мускулите, органите, кожата, косата како и на антителата и хормоните. Во составот на протеините влегуваат 20 различни аминокиселини. Од нив 9 есенцијални аминокиселини не можат да бидат создадени во телото и треба да се внесуваат преку исхраната. Јајцата се вбројуваат во малкуте храни кои што ги содржат овие девет аминокиселини. Пресметано е дека две средни по големина јајца го снабдуваат организмот со исто толку незаменливи аминокиселини, колку 80-100g месо.

Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.

Хемискиот состав на јајцето зависи од храната која се консумира од птицата, годишното време, времето на несење на јајцето и многу други фактори. Пример: витаминот А, кој се содржи во жолчката, количински е многу пати поголем во лето, отколку во зима.

Јајцата во диетата

Јајцата се совршена храна за балансирана и здрава диета. Едно јајце содржи околу 70-80 калории, па затоа без проблеми може да биде дел од храната за диета.

Луѓето кои имаат проблем со тежината можат да ослабат 2 пати побрзо ако во рамките на нискокалорична диета (800 калории дневно) практикуваат појадок со јајца. Овој заклучок е резултат на истражување во Америка во кое учествувале 152 мажи и жени од 25 до 60 години.

Една група доброволци појадувале јајца, а друга група - крофни (со ист број на калории како јајцата). Експериментот траел 8 недели. Резултатите покажале дека луѓето од групата која комбинирала нискокалорична диета со појадок во кој се вклучени јајца, ослабеле со 65% повеќе, отколку втората група која појадувала крофни.

Затоа, не ги исфрлувајте јајцата од вашата исхрана кога сте на диета. Можеби точно тие ќе бидат причината за губењето на килограми.

10 интересни факти

  • Мајката кокошка го превртува нејзиното јајце околу 50 пати дневно, со цел жолчката да не се залепи за лушпата.
  • Просечната кокошка произведува околу 300 јајца годишно. Започнувајќи на возраст од 19 недели, таа останува продуктивна во текот на 12 месеци.
  • Како што старее кокошката, произведува поголеми јајца.
  • Јајцата со бела лушпа се производ на кокошки на кои долниот месест дел од увото им е бел и имаат бели пердуви. Кокошките на кои овие два дела од телото им се црвени, несат јајца со кафеава лушпа.
  • Јајца во картонска кутијаЗа да бидат јајцата посвежи потребно е да се чуваат во картон. Бојата на јајцето не е сврзана по никаков начин со квалитетот или вкусот. Не постои разлика во хранителните состојки на јајцата со различна боја на лушпата.
  • Најголемото јајце кое се појавило во светот имало 5 жолчки. Многу честа појава се јајцата со 2 жолчки. Тие се резултат на многу брза овулација и најчесто се продукција или на многу млади кокошки или на кокошки кои се кон крајот на нивниот продуктивен период.
  • Кина е најголем производител на јајца – околу 160 милијарди годишно. Во САД, 260 милиони кокошки произведуваат околу 65 милијарди јајца годишно.
  • Лушпата на јајцето на својата површина може да има околу 17 000 пори. Преку нив тоа може да добие различна миризба. Затоа, со цел јајцата да останат посвежи е потребно да се чуваат во картон.
  • Ако имате две јајца од кои едното е варено, а другото сурово и сакате да дознаете кое е кое – завртете ги. Ако јајцето се врти лесно, тоа е вареното јајце. Суровото јајце ќе се врти или многу бавно или воопшто нема да се врти.
  • Дали едно јајце е пресно или не, можете да дознаете ако внимателно го пуштите во сад со млака вода. Ако јајцето е свежо веднаш ќе пропадне на дното на садот и ќе остане таму. Јајцето кое плови на површината на водата, најверојатно е расипано. Кај пресно јајце жолчката секогаш е тркалезна и истакната над белката, а белката од своја страна не се разлева и останува блиску до жолчката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20777 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.