Секој може да направи тврдо варено јајце, чија жолчка се распаѓа и се лепи на јазикот како прав. Но, за да сварите јајце кое ќе има убав изглед и вкус треба да бидете добро темпирани.
Совршеното тврдо варено јајце треба да има мек центар. Жолчката не треба да има бледо жолта боја и задолжително да нема зелени траги помеѓу жолчката и белката. Ако ги има тие знаци, тогаш е преварено.
Како да го приготвите?
Независно од тоа колку јајца ќе варите, секогаш употребувајте тенџере кое ќе ги собере сите јајца, без тие да се допираат. Но, тоа не значи да користите преголемо тенџере низ кое што јајцата би се движеле слободно.
Наполнете го тенџерето со онолку вода, колку што е потребно за јајцата да бидат потопени кога ќе ги додадете. Оставете ја водата да зоврие. Откако ќе започне да врие, започнете да ги ставате јајцата едно по едно со помош на лажица. Внимавајте да не ги скршите.
Варете ги јајцата точно 8 минути. Потоа тргнете ги од ринглата и пуштете студена вода да тече врз нив. На тој начин ќе го прекратите процесот на нивното готвење.
Толку брзо, толку едноставно, а неверојатно вкусно!