Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Брзи солени колачи од јајца

Брзи солени колачи од јајца

Кога за кратко време сакате да приготвите нешто лесно и вкусно, ви предлагаме да направите мини солени колачи од јајца и зеленчуци, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата наредна домашна забава.

Овие колачи можете да ги наречете убаво оформен омлет, совршен и на изглед, и на вкус. Одлични се за детски роденденски забави и ви овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде брокули и други видови зеленчук.

Состојки

3јајца
3жолчки од јајца
1/3 шолјашолја млеко (80ml)
1/3 шолјашолја слатка павлака (80ml)
100gброкули
2моркова
50gпченка и зелена боранија (замрзнати)
1мал домат
1 кафена лажичкакрупна сол
1/2 кафена лажичкацрн пипер
100gкрупно рендан кашкавал
Масло за готвење или путер

Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на температура од 180°C.
  2. Премачкајте калапи за мафини (не хартиени) со масло или путер.
  3. Ставете на оган мало тенџере со вода и додајте половина лажичка сол. Откако водата ќе зоврие, во неа додајте ги брокулите, пченката и зелената боранија. Варете ги само 1 минута и веднаш извадете ги од жешката вода за да го запрете нивното готвење.
  4. Исечкајте го доматот на мали парчиња, крупно изрендајте ги морковите, а брокулите разделете ги на мали „цветчиња“.
  5. Во длабок сад измешајте ги јајцата и жолчките, додајте ги млекото и слатката павлака и зачинете со половина лажичка сол и половина лажичка црн пипер. Добро изматете ја смесата.
  6. Во секој од калапите за мафини ставете малку рендан кашкавал на дното. Додајте мали парчиња од секој зеленчук, наполнете го калапот до половина со смесата со јајца и одгоре повторно ставете рендан кашкавал.
  7. Ставете ја тавата со калапите в рерна и оставете ги колачите да се печат околу 15 минути, т.е. додека не започнат да добиваат „златен“ изглед. Оставете ги малку да се изладат, а потоа извадете ги од калапите.
  8. Можете да ги украсите со малку кечап, павлака, маслинка или магдонос.

Варијации

Добрата страна на овие колачи е што секогаш можете да ги правите различни, во зависност од вашите желби или состојките кои ги имате во моментот. Освен понудената вегетаријанска варијанта, можете да го збогатите вкусот на солените колачи со свински врат, сланина, колбаси, чаен колбас или кулен.

Вкусни комбинации:

  • Сланина и праз. Наместо зеленчуците, во смесата со јајца ставете ситно исечкани и пржени парчиња сланина и праз.
  • Колбаси и печурки. Испржете колбаси и печурки, исечкајте ги и додајте по малку во секое колаче, наместо зеленчуците.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.