Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Освежителна лубеница торта: Најпримамливиот начин да послужите лубеница

Освежителна лубеница торта: Најпримамливиот начин да послужите лубеница

Тропските горештини се многу поподносливи со ладна лубеница. Сочната лубеница не само што ќе ве освежи и хидрира, туку и на здрав начин ќе ви ја задоволи желбата за слатко, а и ќе ви помогне да внесете дел од дневните потреби на повеќе витамини и минерали како витамин Ц, витамин А, магнезиум и калиум.

Летните денови не се погодни за печење на деликатеси, па набрзина направете летна лубеница торта и ќе ги одушевите гостите и најмилите.

Лубеница торта Лубеница торта

Постапката е едноставна: Отсечете го горниот и долниот дел на лубеницата (во идеален случај лубеницата би била без семки) и внимателно со нож изрежете ја кората. Со изматен шлаг обложете ја лубеницата и декорирајте со јаткасти плодови или овошје како јагоди, боровинки, малинки, киви... (По желба во шлагот можете да ставите екстракт од ванила, изрендана кора од лимон/лимета/портокал или пак кокос.) Покажете ја креативноста и резултатот секогаш ќе биде одушевувачки.

Лубеница торта

Еве неколку предлози за декорирање:

Лубеница торта Лубеница торта Лубеница торта Лубеница торта Лубеница торта Лубеница торта Лубеница торта Лубеница торта

Слатко и нискокалорично... Ова дефинитивно е торта која нема да ви ја наруши диетата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.