Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Ароматни јадења со пилешко во новата битка на фуд блогерите Дејв и Теа

Ароматни јадења со пилешко во новата битка на фуд блогерите Дејв и Теа

Во потрага сте по идеи за лесен оброк кој ќе ви ги задоволи сетилата?

Дејв од „Dave’s Kitchen“ и Теа од „Готвиме со Теа“ предлагаат јадења со пилешко кои изобилуваат со ароми и мамат со егзотичен шмек.

Кое ви се допаѓа повеќе?

Јадења со пилешко

Dave’s Kitchen: Цезар салата со егзотичен вкус

Јадења со пилешко

Состојки

За салатата

1 марула
2 парчиња пилешки гради
сол
црн бибер
1 пакетче зачин Vegeta Natur за пилешко
1 лажичка оригано
3 парчиња чиабата леб
маслиново масло
½ лажичкалук во прав
1 лажичкабуковец
½ лажичка оригано
50 грпармезан
100 гршери домати

За преливот

2 лажици мајонез
4 лажици кисела павлака
2 лажици неутрална павлака
сол
црн бибер
1 лажица зачин Vegeta Natur за пилешко
½ лажичка куркума или кари
1 чешне лук, исечкано
2-3 лажицимаслиново масло
сок од половина лимон
½ лажичка сенф
1 лажичкабуковец
½ лажичка оригано
Јадења со пилешко Јадења со пилешко

Подготовка на Цезар салата

  1. Во тавче обложено со хартија, ставете ги пилешките гради и зачинете ги со сол, мелен црн бибер и зачинот за пилешко месо. Додајте оригано и добро „измасирајте“ ги зачините во месото. Полејте малку маслиново масло и печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути.
  2. Штом пилешките гради ќе бидат зготвени, превиткајте ги во алуминиумска фолија додека сè уште се топли, за да се ослободат соковите и месото да остане меко, сочно и полно со вкусови.
  3. По 20 минути, пресечете го белото месо на помали парчиња и оставете настрана.
  4. Во тавчето каде што се печело белото месо, ставете ги претходно исечените парчиња чиабата леб на помали коцки. Зачинете со буковец, лук во прав, оригано и полејте малку маслиново масло. Печете околу 10 минути на истата температура, или додека не добиете испечени кубети.
  5. Во стаклен сад, ставете ги сите состојки потребни за преливот и добро промешајте додека не добиете течен и соединет прелив за Цезар салата.
  6. Во длабок сад, ставете ја исечената марула, кубетите, парчињата месо, шери доматите пресечени на половина и пармезанот исечен на тенки листови. Добро промешајте и додајте половина од преливот. Добро измешајте ја салатата додека сите парчиња не бидат покриени по малку од преливот. На крај, сервирајте во чинија и додајте дополнително прелив.

Декорирајте со парчиња пармезан и уживајте.

Готвиме со Теа: Пилешки ражничи со зеленчук и ананас

Јадења со пилешко

Состојки

600 гр пилешки стек
2 големи црвени пиперки
2 големи зелени пиперки
1 главица црвен кромид
½ свеж ананас
масло
зачин Vegeta Natur за пилешко
сол
црн бибер
сос од соја
мед
Јадења со пилешко

Подготовка

  1. Пилешкиот стек исечете го на поголеми коцки, зачинете го со Vegeta зачинот за пилешко и оставете го да се маринира најмалку 30 минути.
  2. Пиперките, кромидот и ананасот исецкајте ги на коцки, приближно големи колку пилешкото месо.
  3. Земете стапчиња за ражничи и почнете да ги боцкате - прво парче црвена пиперка, па парче ананас, парче зелена пиперка, парче кромид, па парче месо. Така ги редите додека да го пополните стапчето и наредените ражничи ги печете на скара.
  4. Пет минути пред да ги извадите од скарата, премачкајте ги со четка со сос од соја и мед и посолете ги и наросете ги со мелен црн бибер.

На здравје и уживајте.

Јадења со пилешко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20774 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.