Има моменти кога сите сакаме да се вратиме во детството, а честопати одредени ароми и вкусови ни евоцираат спомени токму од тие безгрижни денови.
Ви предлагаме да направите солен колач со спанаќ кој несомнено ви го приготвувале вашите мајки и баби.
Овој лесен и вкусен рецепт ќе биде обожаван од целото ваше семејство.
Состојки
100 мл | масло Брилијант |
100 мл | млеко |
4 | јајца |
200 гр | сецкан спанаќ |
200 гр | сирење |
2 ќесички | прашок за пециво Витаминка |
300 гр | брашно |
прстофат | сол |
сусам |
Подготовка
- Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете ги со миксер. Постепено додавајте ги млекото и маслото и продолжете да матите за да се соединат.
- Додајте ги брашното и двете пецива. Добро промешајте.
- Сирењето по желба издробете го или изрендајте го и додајте го во смесата заедно со исецканиот спанаќ. Посолете и повторно промешајте.
- Целата смеса ставете ја во тава број 38 претходно премачкана со масло и поросена со малку брашно. На површината ставете сусам.
- Печете околку половина час во загреана рерна на 200°С.