Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Ќофтенца од тиквички

Ќофтенца од тиквички

Доколку во летните денови барате полесен оброк, тогаш овие ќофтенца од тиквички и моркови ќе бидат добредојдени на вашата трпеза.

Состојки

2тиквички
2моркови
2јајца
3 лажицибрашно
4 лажицигриз
1 лажичкасол
1 лажичкасода бикарбона
1 лажичкамешан сув зеленчук
½ лажичкамелен лук (по избор)
црн бибер (по избор)
масло за пржење

Начин на подготовка

  1. Излупете ги тиквичките и морковите и изрендајте ги. Тиквичките рендајте ги покрупно, а морковите поситно.
  2. Ставете ги во цедалка и промешајте за да се исцеди водата која ја испуштаат тиквичките. Додајте им ја солта и оставете ги да се цедат околу 10 минути. Доколку е неопходно, притиснете ги со дланките за да ја истиснете течноста.
  3. Префрлете ги во длабок сад и додајте ги сите останати наведени состојки. Добро промешајте ја добиената смеса.
  4. На тивок оган ставете масло да се загрее во подлабоко тенџере.
  5. Со голема лажица црпете од смесата или правете форми со рацете и внимателно ставајте ги во загреаното масло.
  6. Откако ќофтињата ќе добијат златна боја, извадете ги и ставете ги на кујнска хартија за да го отстраните вишокот масло.
  7. Послужете со сос од павлака и ситно изрендана краставица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.