Маноло Бланик сака да ни ги разубави празниците и да ни ги разгали непцата со својот омилен рецепт за празнични колачиња.
Популарниот дизајнер за „Вог“ го сподели рецептот и порача: „Ова е многу лесен рецепт и се надевам дека ќе им донесе на сите малку радост во текот на празничниот период“.
Состојки
¾ шолја | путер |
1 шолја | кафеав шеќер |
2 шолји | брашно |
½ лажичка | сол |
2 лажички | сода бикарбона |
1 лажичка | цимет |
½ лажичка | мелено каранфилче |
½ лажичка | ѓумбир |
1 | јајце |
¼ шолја | меласа |
¼ шолја | бел шеќер |
Подготовка
Извадете ги јајцето и путерот од фрижидер околу еден час пред подготовката за да постигнат собна температура.
Со миксер матете ги путерот и кафеавиот шеќер додека да добиете мазна смеса.
Во друг сад, измешајте ги сите суви состојки.
Додајте ги јајцето и меласата во смесата со путер и кафеав шеќер. Откако добро ќе се соединат, додајте ги сувите состојки и продолжете со мешање за да добиете хомогена смеса.
Нацрпете со лажица од смесата и направете топче, а потоа протркалајте го во белиот шеќер.
Топчињата наредете ги во плех и ставете ги во фрижидер 30-45 минути. Печете 12-15 минути на температура од 180°C.